Поранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити и италијанскиот гигант Милан, Џорџ Веа е новиот претседател на Либерија.
Веа е првиот играч кој не е од Европа а кој ја има освоено Златната топка која се доделува за најсупешниот фудбалер во една година. Тој ја освои во 1995.
По неговото пензионирање од фудбалот, Веа како култен херој во својата држава влегува во политиката и беше сенатор во Парламентот на Либерија.
По изборите кои се одржаа во четвртокот, Државната изборна комисија на Либерија, соопшти дека тој ја добил довербата со 61.5 отсто од гласовите.

Веа доаѓа на местото на Елен Џонсон Сирлиф, првата жена која во Африка беше избрана за претседателка.
Таа го победи фудбалскиот ас на изборите во 2005 година.
Во Европа го донесе тренерската легенда Арсен Венгер и тоа во Монако во 1988 година. Таму постигна 47 погодоци во 4-годишниот престој по што замина во парискиот клуб ПСЖ. Ја освои лигата во 1994 година а беше и прв стрелец во Лигата на шампионите.
Во 1995 година прави трансфер во Милан, каде што станува вистинска легенда во Серија А.