Австралиската Фондација Walk Free го објави светскиот индекс на ропство : Се проценува дека Македонија има 5.900 – 6.500 робови, од 162 земји е на 80-то. Параметри: Ропска работа, и принудна работа без надоместок или понижувачки надоместок, принуден брак, трговија со луѓе.
162 земји се анализирани , а најлош индекс има Мавританија, а потоа следат главно африканските земји, иако од вкупниот број, 72 проценти од модерни робови живеат во Азија.
Во Индија, според истражувањето во однос на ропството живее најголем дел од луѓето – речиси 14 милиони. Најлоша рангирана земја во Европа е Молдавија, на 6-ти место со дури 33.000 “робови ” на 3.500.000 жители.
Во поранешна Југославија, најниско рангирана е Црна Гора на 53, Србија и Босна и Херцеговина делат 59 позиција, а Хрватска се наоѓа на 61 место со 15.300 луѓе во некоја форма на ропство.
Русија е на 49-то место, Кина е подобра од Македонија, со 84 позиција, а САД е на 134 место.
Овој проблем е најмалку проблематичен во Данска , Финска, Луксембург , Норвешка, Шведска , Швајцарија и Нов Зеланд , Велика Британија, Ирска и Исланд.




