Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поројните дождови ја загадија водата за пиење во Тетово

0
By Нова ТВ on August 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 11, 2015 18:46

Последните анализи на Центарот за јавно здравје Тетово покажаа бактериолошка неисправност на селските водоводи на Шарпланинскиот масив. Чиста вода за пиење освен во Непроштено и Лешок, немаат ниту населените места во подножјето на Шар Планина, јави агенцијата Мета.

Поради ваквата состојба Министерството за здравство советува да се користи пакувана, превриена или дезинфицирана вода за пиење, за миење на забите, миење и подготовка на сирова храна, како и за миење на садовите. Водата која ќе се користи да се преврива најмалку 10 минути. Не треба да се користи храна која била во допир со вода од поплавите.

Извршена е дезинфекција на површина од околу 25.000 квадратни метри, континуирано се делат таблети за дезинфекција на водоснабдувачките системи, велат од Министерството за здравство.

Од Црвениот крст Тетово изјавија дека секојдневно ја делат донираната вода и храна во поплавените подрачја.

– Освен вода и храна на жителите од поплавените подрачја им треба и средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, но, и облека и ќебиња. Затоа апелирам до сите правни и физички лица доколку се во можност, да ги донираат ваквите работи во магацинот на Црвениот крст Тетово, секој ден од 10 до 18 часот – изјави Ќатип Бесими претседател на Црвен крст Тетово.

Регионалниот пат Тетово – Јажинце кој по големото невреме целосно беше затрупан кај селото Порој е прооден за сообраќај. На овој патен правец може да се забележат кратки застои, поради расчистување на коритото на Поројска река која поминува под патот, јави Мета.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.