Според пишувањата на американските медиуми, претседателот на Украина, Петро Порошенко го известил премиерот на Британија Дејвид Камерун за борбите со руските сили денеска.
Иако руската страна истакнала дека нивната војска не влегла во Украина, Порошенко навел дека украинската артилерија уништила значаен дел од руските вооружени сили, пренесува Б92.
Портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко истакнал дека комплетниот руски конвој по преминувањето на границата бил следен и дека е преземени „соодветна акција, и дел од конвојот веќе не постои“.
„После разговорот кој Порошенко го обавил со битанскиот премиер Камерун во соопштението е наведено дека значаен дел од оваа опрема во текот на ноќта била уништена со артилериски оган“, пренесуваат агенциите.
Од друга страна, од руското министерство за одбрана информиаат дека украинските сили се обидуваат да го попречат пристигнувањето на хуманитаната помош од Русија во Источна Украина.
Со оглед на спротивстваните информации, за сега останува нејасно дали се водад судири меѓу вооружените сили или украинската страна го нападнала конвојот со хуманитарна помош.