Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поротник дал отказ-„Тортура“ почнува од почеток: Судот нема ингеренции да спречи некој да се откаже

0
By Нова ТВ on October 9, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 9, 2019 14:42

Судењето за тортура и за нечовечко постапување при апсењето  на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” ќе почне од почеток поради тоа што поротник во Советот дал отказ.

На прашање на НОВА за причините за отказот на поротникот, од Судот одговорија дека поротникот се откажал поради семејни причини, поради што Судскиот совет донел одлука за престанок на функцијата по сопствено барање и веднаш е назначен нов судија –  поротник.

Од Судот велат дека немаат никакви овластувања на било каков начин да им наложи  на судиите – поротници да ја извршуваат функцијата спротивно на нивната воља, но мора да се има во предвид дека тие се претставници на граѓаните во судските проциси и се гаранција за владеењето на правото и почитување  на законите.

Поради отказот на поротникот „Тортура“ ќе почне од почеток, бидејќи законот така предвидува во случај кога има промена на судечки совет предметот.

Ова значи дека буквално сѐ ќе почне одново: Ќе има воведни зборови, произнесување за вина, сведоците повторно ќе се сослушуваат, ќе се изведуваат докази. Но, од Судот велат дека станува збор за формални дејствија кои може да се завршат во едно рочиште и со тоа не би имало дополнително одолговлекување и би се гарантирало судење  во разумен рок.

На прашање на НОВА, колку судии поротници во изминатата година биле разрешени  и назначени, од Судот одговорија дека во текот на оваа година 25 судии – поротници од различни причини, по нивна  желба – пензионирање или истек на времето за кое биле ангажирани, се разрешени од функцијата, а 18 нови се назначени.

Во „Тортура“ обвинет е екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, а заедно со него обвинети се и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

Сега предметот е во рацете на ОЈО Скопје, а истрагата и обвинението ги покрена почна СЈО, кое до неодамна го застапуваше случајот и во судница. Обвинетите се гонат за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

На крајот на минатиот месец одново започна и судењето за случајот “Трезор” за злоупотреба при набавката на опрема за прислушување во УБК. Ова судење е вратено на почеток  поради истекот на 90 дена од последното рочиште кое се одржа на 1 јули и кога беше сослушан сведок на обвинителството.

Во овој предмет, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник министер во МВР Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски се обвинети дека во 2010 година договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на Петтата управа. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР. Се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на УБК со што го оштетиле Буџетот за 862.045 евра.

Досега и други случаи на СЈО започнаа од почеток, најчесто поради промени во судечкиот совет: Поради промена на судечкиот совет во јануари минатата година од почеток почна судењето за „Траекторија“ во кој се обвинети Груевски, Пешевски и Јанакиевски. Од истите причини – промена на судечкиот совет од почеток почна и судењето за „Транспортер“ во кој за злоупотреба на службената положба е обвинет екс битолскиот градоначалник Владимир Талевски и судењето за „Насилството во Центар“.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.