На само 15 години, младиот програмер Даријан Шекеров има освоено балкански, европски, но и светски натпревари по информатика. Автор е на апликацијата „Слико збор“, која бесплатно ја направил за децата кои имаат потешкотии при говорот. Познава 8 програмски јазици и има креирано до сега 16 бесплатни апликации кои се достапни на на „Гугл Плеј стор“