Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Портрет: Јоргос Герапетритис – во жешкото столче на грчката дипломатија

0
By Соња Крамарска on June 28, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот по уставно право со богата академска кариера, поранешен државен секретар и поранешен привремен министер за транспорт и инфраструктура преземајќи го „жешкото столче“ по несреќата кај Темпи и еден од политичарите кои сметаат дека Договорот од Преспа мора да се почитува бидејќи државата има континуитет, Јоргос Герапетритис, сега е новиот шеф на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Важи за близок соработник на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и се сметаше за „клучен играч“ во претходната влада.

Во политиката, 56-годишниот Герапетритис официјално влезе во 2019 година, кога за прв пат беше избран за пратеник, а за време на првиот мандат на Нова демократија ја имаше функцијата државен министер.

Со Нова демократија се поврзува од 2016 година, додека партијата беше во опозиција, кога Герапетритис стана дел седмочленото советодавно тело за следење на процесот на подготовка на програмата на партијата, а една година подоцна беше назначен од Кирјакос Мицотакис за шеф на советничката група на Нова демократија.

Сепак, според написите во грчките медиуми Герапетритис бил политички активен и за време на владата на ПАСОК во 2009 година кога премиер беше Јоргос Папандреу, а ја извршувал функцијата генерален секретар.

По железничката несреќа кај Темпи со 57 жртви на крајот на февруари годинава и по оставката на тогашниот министер за транспорт и инфраструктура, со одлука на грчкиот премиер, Герапетритис привремено ја презеде министерската функција сè до првите избори и имаше задача да ги истражи причините за трагедијата, но и да преземе активности за надградување и подобрување на железницата во Грција.

Што се однесува на нашата земја, во периодот кога Договорот од Преспа не беше официјализиран, а Нова демократија беше во опозиција, Герапетритис, во улога на професор, за грчките медиуми коментираше дека решението не е поволно за Грција, отворено изразувајќи го неговото несогласување.

Откако Нова демократија дојде на власт, во интервјуто за грчката телевизија „Мега“ во јануари 2021 година, тогаш како државен министер, Герапетритис го повтори ставот дека од моментот кога Договорот е ратификуван, Грција мора да го почитува.

„Во однос на договорот со Северна Македонија, Нова демократија навремено излезе со став дека овој договор има многу „сиви точки“, дека е договор што нема директни корисни придонеси за земјата. Од друга страна, ние мора да го прифатиме континуитетот на државата. Грција не е земја која може во било кој момент да го менува нејзиниот меѓународен став. Самиот Устав наметнува дека од моментот кога постои ратификуван меѓународен договор, треба да се почитува и не може да се смени. Па така, ќе го почитуваме договорот, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет“, објасни тогаш Герапетритис.

Вчера, новиот шеф на грчката дипломатија, заедно со останатите членови од владата положи свечена заклетва, а веднаш потоа и официјално ја презеде функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција.

Наша должност е секојдневно да ги браниме суверенитетот и националниот статус и ве уверувам дека во целост ќе го сториме тоа, порача новиот шеф на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис за в

Порача дека должност е секојдневно да се бранат суверенитетот и националниот статус на земјата и изрази уверување дека во целост ќе го сторат тоа.

„Грчката надворешна политика беше и ќе остане политика на принципи, политика која се основа на меѓународното право, инспирирана од Повелбата на Обединетите Нации и цели кон регионална соработка и стабилност“, истакна вчера Герапетритис.

Паралелно за време на примопредавањето на функцијата ги претстави неговите заменици, Александра Пападопулу, поранешна амбасадорка на Грција во Македонија а подоцна и во САД, Јоргос Коцирас, кој ќе биде надлежен за дијаспората и Костас Франкојанис, кој ја задржува досегашната позиција, одговорен за економска дипломатија.

извор: МИА

подготви: С.К.

Грција Јоргос Герапетрис министер за надворешни работи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.