Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 3,5 денари за литар, додека цените на бензините и мазутот остануваат исти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Еуросупер БС-95 ќе чини 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе биде 91,50 денари за литар, цената на Еуродизел БС (Д-Е V) ќе изнесува 98,50 денари за литар, на екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 96,50 денари за литар, а на мазутот М-1 НС 52,978 денари за килограм.

Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,75 отсто во однос на вчерашната одлука.