Бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот за еден денар. Од ноќеска на полноќ ЕУРОСУПЕР од 95 и од 98 октани ќе поскапи за половина денар, дизелот ќе се продава за 50 денари за литар.
Поскапуваат и мазутот и екстра лесното масло за домаќинство. Поскапувањето на горивата е заради повисоката цена на нафтата и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.