Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Послание до наставниците

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 09:47

Пишува Наде Молеровиќ, мотивациски говорник

Драги мои колеги, наставници, на 3. септември не е најважно да го имате најдоброто парче облека на вас, најсредениот hair style , make up … не, насмевка ви треба ама онака од срце да им ја подарите на учениците кои со нетрпение и возбуда се подготвуваат за враќање во училиште и првиот свечен ден.

Училиштето може за некого да биде најинспиративното место за учење, дружење, игра и престој, но, за некого е најголем кошмар и причина за тага, лично разочарување и неспокој. Од вас зависи колку ќе сакаат да учат, да вложуваат во себе, да се надградуваат и да израснат во неверојатна личност, а вие сте нивната инспирација или демотивација.

Затоа, вложувајте во себе, бидете мајстор на својот учителски занает за да учат од најдобрите. Тие тоа го препознаваат и почитуваат.

На првиот час избегнете го клишето од old fashion прашања: Се одморивте? Сакавте уште одмор? Дали бевте на одмор? Каде бевте? Како си поминавте?…

Обидете се вака: Кои се вашите чувства денес? Кој настан од летото ви беше највозбудлив? Зошто? Што не успеа да направиш ова лето а, можеби сакаше? Топло препорачувам да побарате од нив да ги напишат нивните очекувања во новата учебна година и како мислат да ги остварат? Сочувајте ги одговорите за последниот училишен ден за да си ги согледаат резултатите од очекувањата и исполнувањата. Зошто да, а зошто не? Така ќе имаат одговорен однос кон себе, ќе ги негуваат желбите, а ќе размислуваат за поставување сопствени цели и што е потребно да постигнат успех.

Ќе има и првачиња мали, збунети главчиња кои од вашите очи ќе бараат зборови на охрабрување, подршка и сигурност. Соопштете им дека процесот на учење може да биде креативен, забавен, дека трудот се вреднува највеќе, дека никој не е помалку вреден, дека нема погрешни одговори, дека секој може да се искаже себе си и начинот на кој го гледа светот… Охрабрувајте ги дека и после секој недоволно успешно постигнат резултат треба да се има трпение да се пронајде нов начин за да се дојде до целта.

Само малку, на миг, сетете се на вашиот прв училишен ден кога со поглед ја баравте најубавата, најдобрата наставничка која ќе ве допре со нежност, разбирање, мајчински и пријателски ќе ви посака добредојде во светот на бројките, буквите, книгите… и училишниот живот .

Драги родители вашата возбуда е можеби и поголема  од прашањата кои сами на себе си ги поставувате: Дали моето дете ќе биде прифатено? Како ќе се снајде во новата средина? Која е неговата наставничка? Kои ќе му бидат другарчињата? Вие како родители сте го дале најдоброто од себе и логично е да бидете загрижени колку и како вашето дете ќе напредува и ќе се развива. Наставничките ќе ви бидат бескрајно благодарни и среќни доколку децата се трпеливи, почитуваат правила, ја почитуваат различноста меѓу себе,ги користат волшебните зборови извини, благодарам, молам, повели…

Исклучително корисен пристап е искажување на позитивен став и верба во училиштето, наставничките и целокупниот персонал кој е во единствена функција на создавање безбедна и пријатна атмосфера за учење и развој.Многу ќе бидеме среќни доколку кај сите нас развиваме свест за припадност кон училиштето и одделението како заедница на родители, наставници, ученици кои ќе бидат емпатични и чувствителни за другиот, а не само индивидуално за сопственото дете. Кога тие ќе забележат колку ние сите се почитуваме, разговараме, се дружиме и негуваме позитивност и оптимизам децата ќе ни бидат среќни и позитивни.

А, тоа драги мои не е лесно. Одговорноста за иднината на нашите деца е заедничка , колку посреќни, поуспешни и позадоволни деца ние возрасните ќе бидеме исполнети и реализирани како наставници, родители и училиште.

СРЕЌНО НА СИТЕ НАС!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.