Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

post script-um / Македонците и северномакедонците меѓу Гавгамела – Беласица – АСНОМ – ЕУ

0
By Zoran Ivanov on May 19, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 19, 2026 20:53

Зоран Иванов

Ја праша ли некој, ја праша ли нашиот министер за надворешни, пред да крене прав и да драматизира со вербални ноти, ја праша ли веднаш, уште на таа случајната средба од нозе, ја праша ли младиот македонски министер Тимчо Муцунскли, ја праша ли младата бугарска министерка, Велислава Петрова Чамова, зошто, или, уште попрецизно, на што точно таа мислеше кога на местото на злосторот, во ходникот на мајскиот самит на Алијансата, изговори „северномакедонски колеги“

Ја праша ли Муцунски, ја праша ли Петрова Чамова, дали, кога изговори „северномакедонски“, таа мислеше на нас Македонците или воопшто на граѓаните на Македонија?

Не ја прашал сигурно, зашто ако ја прашал ќе ни кажеше.

И сега не знаеме.

Не знаеме дали министерката со „северномакедонските“ или под „северномакедонски“, мислела на нас Македонците или во тоа нејзино „северномакедонски“ ги збра сите граѓани на Република Северна Македонија.

Сите.
И Македонците и Албанците и Турците, Власите, Ромите, Бошњаците, Србите, и сите други запишани и не запишани во македонската уставна преамбула вклучително и Бугарите.

И 3.504-те Бугари, македонски граѓани и државјани, според Преспанскиот и Уставот, граѓани на Северна Македонија.

Ако на министерката само и се испуштило, се случува.

Ако пак смислено плански сакала да навреди еден на темата чувствителен соседски народ, а со оглед на вревата што овде се крена, девојката успеа.

Но, само но, ако малку се испреврти, оваа бриселска случка може да има и друга страна.

И некаков поинакво толкување.

На пример, засега само на пример, свесно, несвесно, намерно, ненамерно, бугарската министерка, практично во „северномакедонски“ виде Северномакедонци.

Од север, ама Македонци.

Од нејзината актуелна висока државна позиција таа не рече „македонски Бугари“ како што досега милуваа да се изјаснуваат, туку рече „северномакедонци“ или расчленето, и таа виде Македонци од некој регионален Север ама Македонци.

Практично, иако засега некако скришум и како од зад тараби, Бугарија можеби, засега само можеби, почнува, нејзината децениска државна теза „еден народ, две држави“ спонтано или засега прикриено па сепак смислено, да го преобликува во реалното и европското „две држави, два народа“.

Можеби во источниот сосед се наѕираат и нови, на темава од досега поинакви погледи.

Дека, стартувајќи од ходникот во Брисел, бугарската министерка виде, а бугарската држава конечно се помирува со историската неизбежност –  Македонци.

Сето споредбено и со еклатантните такви светски држави примери меѓу кои највпечатливите се британскиот и шпанскиот или дури и американскиот со Британците, Шпанците, Американците.

Сите граѓани во државата, независно од етничкиот идентитет на секој од народите, делови од народите, групите народи или малцинствата, сеедно.

Сите под еден заеднички државен именител со кој ниту една етничка заедница, ниту еден народ или малцинство, не го загубило својот изворен историски етнички идентитет.

Тоа со векови не им се случило и на британските граѓани. Ниту на британските Англичани ниту на британските Велшани, на Ирците, Шкотите.

Ниту пак на Каталонците или на Баскијците или на Кастиљанците во Шпанија, на пример.

Секако дека Бугарија не е ниту Британија, ниту Шпанија но, ако во оваа моја испревртена теза содржана во овие редови, сепак, има нешто на повидок, тогаш на бугарската министерка и нејзината влада и на сиот бугарски политички и научен естаблишмент, по „северномакедонските колеги“ од ходникот во Брисел, ќе им остане уште малку напор.

Уште внатребугарски да се договорат и да го прифатат и историскиот опсег на Македонците и македонскиот идентитет од времето на Александаровата битка кај Гавгамела во 331-та п.н.е. па преку Самоиловата на Беласица во 1014-тата па преку АСНОМ во 1944-тата, па од 1991-та па натаму некаде до пред ЕУ.

Од каде и од кога им е мило, оттогаш, зашто и тоа, како и идентитетот, е чисто внатрешно македонска тема.

А, сега, во ова време, и тие и ние сме во истото котле.

И тие и ние во ЕУ рамката топтан сосе сите други, со уште 26-те ЕУ држави и со во нивните граници уште и стотината евидентирани и признати народи со своите етнички самобитности.

Останува уште, ова последново, да го разберат и нашиве од овде.

Зоран Иванов колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.