Published: Saturday, May 16, 2026 00:05
До новиве политички дечки што топрва го откриваат проблемот на Бугарија со Македонија и Македонците:
Темата е стара од 1949-та па наваму.
Од смрта на Георги Димитров и од доаѓањето на Тодор Живков, значи цели 77 години.
И сега, кога Брисел вика “не со Софија туку, преку ЕУ рамката, за вашето ЕУ, разговарјте со нас, со ЕУ”, нашиве актуелни властодршци и нивните интелектуални и медиумски фанови, упорно, наместо во Брисел, неʼ туркаат во скутот на Софија.
Па сега, нека си пресуди секој самиот, ќе застане ли на страната на перспективниот европски македонизам или ќе потклетне на овдешниот лажен македонски патриотизам, всушност, на актуелниот македонски бугаризам.




