„Како дел од од инфраструктурните проекти кои се реализираат во градот од програмата “За Модерно Скопје”, продолжуваме со проектот за поставување ЛЕД светлосни дигитални сообраќајни знаци со пиктограм на локации на кои во минати години имало сообраќајни незгоди и кои се нотирани како високо ризични за пешаците, со цел зголемување на видливоста. Поставени се нови знаци на бул. Босна и Херцеговина, откако претходно отпочнавме со поставување на три локации меѓу кои и бул. Партизански Одреди кај Палма и на улицата Јордан Мијалков, со што истите се поставени на вкупно 10 локации во изминатата година“, известија од Град Скопје.
ЛЕД светлосните дигитални сообраќајни знаци со пиктограм се поставени во близина на училишта, градинки и фрекфентните булевари и улици, а имаа за цел да се зголеми видливоста на пешачките премини со што се зголемува внимателноста на возачите при движење во сообраќајот.
„ЛЕД сообраќајните и ретрорефлективни знаци можат да ја зголемат видливоста до 60% што може директно да влијае на безбедноста и времето за маневрирање при возење, со што се намалува или избегнува можноста за сообраќајни несреќи предизвикани од реакција при недоволно растојание. Овие лед сообраќајни знаци можат да ги намалат сообраќајните незгоди на локалните патишта за повеќе од 70%“, пишува во соопштението од Град Скопје.