Египетските државни медиуми потврдија денеска дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу Хамас и Израел со кој се става крај на седумнеделната војна во појасот Газа.
Египетската државна телевизија и државната новинска агенција Мина објавија вечерва дека прекинот на огнот трае од 19 часот по локално време, без да дадат други детали.
Од Рамала палестинскиот претседател Мухмуд Абаз официјално денеска потврди дека е постигнати примирје меѓу Хамас и Израел во појасот Газа.
Според официјално лице на Израел, кој за агенцијата АП потврдил, Израел го прифаќа примирјето во газа постигнато со посредство на Египет.