Седмиот случај со морбили кој вчера беше сомнителен, денеска е и официјално потврден, со лабораториски анализи. Станува збор за сестра близначка на едно од заболените девојчиња во градинката во Радишани. Резултатите од анализите кај нивната мајка која исто така беше сомнителна покажале дека таа не е заразена со морбили.

-Се уште не е помината кризата од појава на нови заболени кои се заразиле од првиот случај бидејќи инкубацијата трае од 12 до 21 ден, вели во ПРОЦЕС прим.др. Биљана Даниловска специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје, Скопје.

За тоа, што значи пад на колективниот имунитет и кои се причините за тоа, за опфатот со вакцинација, кој се може да се вакцинира и дали е пожелно за време на епидемија, на што се изложени невакцинираните деца, дали ни чукаат на врата искоренетите болести, гледајте во ПРОЦЕС, со Менче Атанасова Точи.