Постои волја кај политичките партии да се расчистат случувањата од 24 демември лани, истакна професорот Борче Давитковски, декан на Правниот факултет и претседател на ад-хок Комисијата за расчистување на случувањата пред и во Собранието од 24-ти декември.
„Јас мислам дека има голема волја и кај едните и кај другите, мислам дека особено кога и политичките партии застанаа зад мене како декан на Правниот факултет со некое правно искуство значи ми веруваат и сакаат да се излезе и да се најде решение и мислам дека тоа е добар знак“, вели претседателот на анкетната комисија, професорот Давитковски.
Давитковски информираше дека со членовите на Комисијата се договориле за нов состанок утре во Клубот на пратеници кога треба да се утврди деловникот за работа на Комисијата.