Граѓанската иницијатива „Аман“ во Собранието ќе ги достави 13.000 потписи собрани од граѓаните со барање за измени во Законот за енергетика.

„Собранието рок од 30 дена да го стави на дневен ред предлог-законот за измени на Законот за енергетика и да се отвори расправа“, објасни вчера во „Студио“ на Нова, Џелал Хоџиќ од „Аман“.

Се бара враќање на евтината деневна тарифа за струјата и граѓаните кои не користат парно да не плаќаат никаков надоместок.

„Аман“ денеска ќе го одржи и својот последен протест, кој ќе почне во 14 часот од пред спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието.

„Аман“ од средината на минатата година протестира, а пред крајот на годината до Собранието достави иницијатива за собирање 10.000 потписи за промена на Законот за енергетика.