Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрага по исчезнатиот малезиски авион: кои факти засега се познати за истрагата

0
By Нова ТВ on March 10, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2014 16:56

Пред два дена исчезна патувачкиот малезиски авион со повеќе од 200 патника кој патуваше од Куала Лумпур до Пекинг. Истражувачите и денеска немаат никакви објаснувања како е можно авионот да исчезнал во воздухот.

Бродови и авиони од различни земји и понатаму истражуваат, а властите ги подготвуваат
Според извори од Малезија, можно е да се распаднал на висина од над 10 километри височина, пренесува Ројтерс.


Полковникот Ли Ху Хан на Виетнамското воздухопловство зад навигационата контрола на авион кој е дел од истрагата во регионот на морето близу јужниот дел на Кина

Засега малезиските власти не отфрлаат можност за киднапирање или терористички напад. Тие истражуваат неколку осомничени околу нивната улога во исчезнувањето на авионот.

Станува збор за Австриецот Кристијан Козел и Италијанецот Луиџи Маралди, кои според нивните министерства за надворешни работи, не биле во авионот, односно имале пријавено дека нивните пасоши биле украдени во Тајланд во измантите две години. Истата информација е потврдена и од Интерпол. Помеѓу нив и уште двајца други.

Известувајќи за CNN, дописникот Ричард Квест објаснува дека покрај УХФ и ВХФ радијата, авионите кои чинат повеќе од 250 милиони долари се опремени и со висока технологија за комуникација и извесутавање вградена во компјутерите на вионите, кои на авиокомпанијата и ги покажуваат перформансите (брзината, горивото). „Што и да тргне наопаку, компанијата ќе знае“, вели Квест.


Роднините на исчезнатите патници чекаат во хотелска соба во Пекинг


Италијанскиот турист Луиџи Маралди кој во август пријавил украден пасош, го покажува сегашниот за време на прес-конференција во полициска станица во Пукет, Тајланд

Од она што досега е познато е маршутата на авионот Боинг 777-200, чие патување можело да се следи пет часа пред одреденото време за пристигнување. Пилотите не дале никаква индикација за некаков проблем непосредно пред исчезнувањето. Се отфрла и можноста да се враќал назад кон Куала Лумпур бидејќи немало пријава за тоа.

Вкупно 239 луѓе биле во авионот. Од нив, 227 патници и 12 членови на екипажот. Пет патници биле помлади од пет години. Помеѓу нив, 152 Кинези, 38 Малезијци, седум Индонезијци, шест Австралијци, пет Индијци, четворица Французи и тројца Американци.
Според статистичките податоци, билетите на двјацата кои користеле украдени пасоши, биле купени во четвртокот во Тајланд. Билетите биле еднонасочни со план за патување од Пекинг до Амстердам. Крајната дестинација на едниот тикет бил Франкфурт а на другиот Копенхаген. Пасошот на Австријецот бил украден минатата година, а на Италијанецот во 2012.

Интерпол соопшти дека украдените пасоши биле во нивната датабаза. Но од денот на пријавата до денот на полетувањето на авионот никој не направил проверка за нив.

Генералниот секретар на Интерпол, Роналд Нобл вели загрижувачки е фактот што некој можел да искористи пасош кој веќе бил на листата на агенцијата. Оттаму се немоќни да дадат одговор во колку наврати пасошите можеле да бидат искористени пред овој лет.

Сите членови на екипажот биле Малезијци. Пилотот на исчезнатиот авион, капетанот Захари Ахмад Шах, 53-годишен, имал зад себе искуство од 18.365 часа. Неговиот помошник, Фарик Аб Хамид пак имал 2.763 часа.

Засега, 34 авиони, 40 бродови и екипи од 10 земји ја истражуваат областа каде што последен пат е забележан авионот. Нема никакви резултати, а нафтата која неодамна беше пријавена како можен доказ дека се истражува на точното место, сеуште е под тест дали доаѓа од истиот авион.

Ретко е, но не е преседан исчезнувањето на еден комерцијален лет за време на своето патување. Во јуни 2009 година, летот 447 Ер Франс патуваше од Рио до Париз кога комуникацијата ненадејно се изгуби. Дури четири обиди во две години беа потребни да се лоцираат остатоците и поголемиот дел од телата. Уште подолго траеше истрагата за причината за несреќата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.