Published: Monday, December 30, 2013 14:25
Трае потрагата на полицијата и спасувачите по двајцата планинари кои утрово беа пријавени како исчезнати на планината Галичица.
СВР Охрид потврдува дека исчезнувањето било пријавено утрово во 09.00 часот, но не се соопштуваат детали.
Најверојатно станува збор за албански државјани, но не се знае под кои се случил инцидентот.
Според службата на Црвениот крст станува збор за терен непристапен со возило каде што има снег и во овој момент е акција на извлекување и спасување на лицата.
Неофицијално едното лице им подлегнало на повредите.




