Мерката „полициски час“, како што потврди техничкиот премиер Оливер Спасовски, наместо во 21 часот како што беше случај досега, од среда ќе почнува во 16 часот и ќе трае до пет часот наутро. За време на викендите забраната ќе биде 24 часовна. Односно ќе важи од 16 часот во петок попладне до 05 часот наутро во понеделник.
Спасовски апелира набавките што е можно повеќе да се прават онлајн по примерот на Куманово, но притоа изрази разочараност од несовесното однесување на одредени граѓани, кои го доведуваат во ризик сопственото но и колективното здравје.
„Може да се создаде метеж пред маркетите, аптеките, банките, поштите…Посакувам тоа да не се случува. Пораката мора да биде оримена. Се забележува дека граѓаните повторно излегуваат без да ги почитуваат овие мерки. Колку повеќе време оставате за непречено движење, оставате поголем постор за групирања. Еве, денешните слики, да речеме од Прилеп, покажуваат крајна неодговорност од одредени граѓани кон пандемијата. Такви редови, такви гужви. Апелирам да не се создава непотребна паника. Секој од нас може и се има обезбедено да преживее во полициски час во текот на денот“, рече Спасовски.



