Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потврдени заклучоците за проширувањето со промените што ги бараше Софија

0
By Нова ТВ on December 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заклучоците за проширувањето кон Западниот Балкан се потврдени попладнево од страна на 27-те амбасадори на ЕУ во Брисел, со референца за „погрешно толкување на историјата“ и долгото име на Северна Македонија.

Според информациите на МИА од повеќе дипломатски извори во Брисел, заклучоците се одобрени попладнево од страна на сите земји, без промени во однос на нацрт-текстот објавен денеска.

Заклучоците за проширувањето на ЕУ беа замрзнати поради блокадата на Бугарија за преговарачката рамка со Северна Македонија, како еден вид притисок врз Софија, но конечно денеска се прифатени барањата на Бугарија во однос на „погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгата форма на името на Северна Македонија.

Заклучоците ќе се усвојат преку писмена процедура, за што се потребни 24 до 48 часа.

Вчера германското претседателство предложи нов текст кој го вклучува барањето на Бугарија.

Конечниот текст предложен вчера од германското претседателство во однос на историјата гласи: „Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекора би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата“, стои во последните нацрт-заклучоци на ЕУ.

Оваа реченица не се појавуваше во заклучоците до крајот на ноември, но Бугарија инсистираше, повикувајќи се на заклучоците на Советот на ЕУ од 2018 година, под нејзино претседателство, кога првпат е спомената оваа реченица, по склучувањето на Преспанскиот договор.

Од тогаш оваа реченица не се појавува веќе во заклучоците на ЕУ, до вчера, по инсистирање на Софија.

Дел од овој компромис е сепак во полза на Северна Македонија, сметаат некои дипломати, е дека оваа реченица не се наоѓа во пасусот од документот кој се однесува само на Северна Македонија, туку е вметнат во преамбулата на текстот во параграфот посветен на регионалното помирување, но сепак се однесува директно на Северна Македонија.

Без компромис ЕУ ќе останеше без никакви заклучоци за проширувањето на крајот од оваа година, што за германското претседателство ќе беше дебакл, велат дипломати од земји членки на ЕУ.

Во нацрт-верзијата од вчера се користи во цел текст Република Северна Македонија, за разлика од претходните нацрт заклучоци кога се користеше кратката форма, Северна Македонија. За сите други земји, во или надвор од ЕУ, се користи кратката форма, освен за Северна Македонија. Ова е исто така барање на Бугарија која смета дека кратка форма претставува иредентизам од македонска страна.

Според сите дипломатски извори консултирани од страна на МИА сите заклучоци се усвоени како што се во нацрт верзијата.

Овие заклучоци не претставуваат откочување на преговарачката рамка со Северна Македонија. Бугарија и натаму ја блокира рамката и одржувањето на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.