Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поведена истрага против скопјанец, предизвикал тешка сообраќајка и не укажал помош

0
By Ivana on December 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предизвикал тешка сообраќајна незгода и не укажал помош, поведена истрага против еден скопјанец, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Од ЈО информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 4 декември, осомничениот 25-годишник, управувал со автомобилот Форд фокус во сопственост на неговиот татко, без да поседува важечка возачка дозвола, под дејство на алкохол од 1,65 промили и со присуство на тетрахидроканабинол во крвта и урината. На крстосница на улицата „Маџари“ со улицата „Палмиро Тољати“ не почитувал поставени знаци за пат со првенство на минување, а брзината на движење не ја приспособил кон состојбата и условите на патот и кон густината на сообраќајот. Свесен дека поради ова може да настапи штетна последица, се согласил со нејзиното настапување, па со возилото со кое управувал удрил во задниот дел на велосипед марка „РОГ“, управувано од едно оштетено лице. По несреќата, наместо да укаже помош, осомничениот веднаш го напуштил местото. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место, посочуваат од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и очевидците на несреќата, како и оправдан страв дека тој би можел да го повтори кривичното дело.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
ФОКУС

Конференција на Цивил: Хоризонти на слободата – војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната борба за демократија

ВЕСТИ December 12, 2025

„Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“, ЦИВИЛ – Центар за слобода со деветдневна стратешка, граѓанска…

СДСМ со нова бомба: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

December 12, 2025

Јануари по комотен за возачите – „Сејф сити“ од 1-ви февруари

December 12, 2025

СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите

December 11, 2025
ТИКЕР

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

December 12, 2025

Земјотрес од 6,7 степени ја погоди Јапонија

December 12, 2025

Тајландски борбени авиони ја нападнаа Камбоџа

December 10, 2025

Запалена колата на обвинителка што води случај за брутално претепан активист во Србија

December 10, 2025

Огромен пожар во станбена зграда во Кина – има загинати

December 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.