Повеќе лица се убиени во трговски центар во Ел Пасо во Тексас, соопшти полицијата.
Градоначалникот на Ел Пасо рече дека тројца осомничени за нападот се во притвор, но од полицијата изјавиле дека е уапсено само едно лице.
Според портпаролот на медицинскиот центар Дел Сол во болницата биле примени 11 лица кои биле повредени, а медиумите објавија дека ранети се повеќе од 20 лица кои се пренесени и во други болници.
Пукањето се случило во трговскиот центар Валмарт.
Полицијата го евакуира центарот и ги предупреди луѓето да ја избегнуваат оваа област.