Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

0
By Marija Todorovska on May 23, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 23, 2024 16:14

Имињата на повеќе можни кандидати, според пишувањата во медиумите, се во игра за  лидерската позиција во СДСМ откако Димитар Ковачевски вчера официјално поднесе оставка на функцијата по поразот на партијата на претседателските и на парламентарните избори.

Актуелниот директор на Царинската управа Стефан Богоев на прашањето дали ќе се кандидира за претседател на партијата, во изјава за МИА вели дека се уште не одлучил.

– Не, не сум донел одлука се уште дали ќе се кандидирам, вели Богоев.

Јован Деспотовски, кој е прв човек во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, на гостување во Телевизија 24, прашан дали планира да се кандидира на позицијата претседател на СДСМ, како што тоа го сторил на внатрепартиските избори пред три години, вели дека размислува во таа насока.

– Јас веќе чекорот го направив пред три години. Кога сметав дека партијата не оди во добар правец понудив алтернатива. Истото ќе го направам и сега. Дали тоа ќе го формализирам преку кандидатура, повторно ќе кажам, не е време за лични амбиции и за реализирање на нечија желба од детството, вели Деспотовски.

За кандидатура за лидерската позиција, како што објавија дел од медиумите, размислува и актуелната министерка за одбрана Славјанка Петровска.

– Размислувам да се кандидирам за претседателка на СДСМ, но конечната одлука ќе ја донесам откако ќе биде започната постапката, изјави на почетокот од неделава за „Фокус“.

Во дел од медиумите се спомнуваат и имињата на Оливер Спасовски и Венко Филипче.

Извршниот одбор на СДСМ на вчерашната седница ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка.

– Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ. Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка, информираа денеска од СДСМ.

Димитар Ковачевски на седницата го потврдил повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и иницирал свикување отчетен Конгрес.

– Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите. Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност, се вели во соопштението.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, како што информираат од партијата, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со оглед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови.

Досега, на чело на партијата беа Бранко Црвенковски, Владо Бучковски, Радмила Шекеринска и Зоран Заев.

Ковачевски оставка претседател СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.