Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе од 100 македонски новинари имаат посетено обуки во САД

0
By Нова ТВ on June 11, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 11, 2018 21:14

Ерата во која живееме е ера на глобализација, и поради тоа сега повеќе од било кога е лесно да се разменуваат знаења и искуства со луѓе кои живеат на различни краеви од светот.

За разлика од минатото кога развојот на технологијата не бил на доволно високо ниво како денес, или поради политичката поларизираност на светот било предизвик за луѓето да го напуштат континентот на кој живеат, сега тоа е многу лесно.

Без разлика дали станува збор за бизнис, образование или нешто друго, луѓето постојано патуваат од еден на друг крај од светот постојано комуницирајќи и несвесно допринесувајќи за создавање на едно светско глобално општество.

Од осамостојувањето на Македонија како независна држава, досега, новинарството кај нас се чини дека се развива во чекор со светските технологии.

Бројни новинари од Македонија имаа можност да посетуваат обуки за новинарство во Соединетите Американски Држави, пред се благодарение на Американската амбасада во Македонија.

Токму поради тоа поразговарав со Лора Браун, која работи како портпаролка во Амбасадата и ми раскажа нешто повеќе за македонско-американската соработка во полето на медиумите.

– Од 2001 година досега, повеќе од 200 новинари и медиумски работници од Македонија ги посетиле Соединетите Американски Држави, преку програми спонзорирани од американската Влада. Дополнително, Амбасадата и УСАИД спонзорирале бројни тренинзи и работилници во Македонија за развивање на новинарските професионални вештини. Овие програми помогнаа да се развијат вештините на младите медиумски работници и да се прошири експертизата на етаблираните медиумски лидери. Целта на сите од програмите е да се помогне на Македонија да изгради силни, слободни и независни медиуми кои ги поддржуваат професионалните новинарски стандарди – вели Лора Браун, портпаролка на Американската амбасада во Македонија.

Браун вели дека повеќето од медиумските програми во САД се фокусирани на „учење преку правење“, помагајќи им на учесниците да изградат вештини кои се потребни за да се натпреваруваат на денешниот медиумски пазар.

– Во прилог на новите вештини, нашите ученици се враќаат со обновена енергија и идеи за допринесување кон независни медиуми во Македонија, како и со проширена мрежа на контакти – вели Браун.

Според Браун, учесниците на нивните медиумски програми се стекнуваат со нови вештини и знаења за техниките, стандардите и новите трендови.

– Нашите ученици често велат дека се мотивирани и се чувствуваат самоуверени да применат некои идеи за да ја подобрат независноста на медиумие по нивното враќање. Нашите ученици имаат освоено награди за новинарство и се признаени од водечките медиумски професионалци за нивната работа – вели Браун.

На прашањето, на што Амбасадата е најмногу горда во медиумската сфера во Македонија, Браун одговара „Ние сме горди што гледаме дека многу од нашите ученици на медиумските програми се одлучни да служат како адвокати на вистината и за слободни и независни медиуми“.

 

*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.