Администрацијата на Бајден денеска објави дека нејзините правила за вакцини кои важат за приватните бизниси со 100 или повеќе вработени, одредени здравствени работници како и федерални компании, ќе стапат на сила на 4 јануари, објави CNN.
Правилата предвидуваат дека вработените кои спаѓаат во тие групи ќе треба да ги имаат примено потребните вакцини за да се смета дека се целосно вакцинирани, или две дози од вакцината Фајзер или Moдерна или една доза од вакцината Џонсон & Џонсон, до 4 јануари.
Осумдесет и четири милиони вработени кои работат кај големите работодавачи и 17 милиони здравствени работници во установите кои учествуваат во Medicare и Medicaid ќе бидат опфатени со правилата што ги спроведуваат Управата за безбедност и здравје при Одделот за труд и Центрите за Medicare & Medicaid услуги, информира CNN.