Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повеќе оптимизам за забрзување на ЕУ интеграцијата на Македонија

0
By Соња Трајковска on June 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2017 15:08

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС) Горан Свилановиќ на денешниот годишен состанок во организацијата побара од претставниците на ЕУ да помогнат во решавањето на билатералните спорови во регионот, посебно на оние како што ги нарече меѓу нееднаквите, меѓу држави кои се членки на ЕУ и оние кои не се.

-Ова го направив намерно, бидејќи сум свесен колку е голем трага  нерешениот билтерален спор остави на вашиот народ и народите кои живеат таму, на процесот на придружување, па и на политичкиот процес. Сега  сите имаме малку повеќе оптимизам  дека можеме да присуствуваме на извесено забрзување.  Но дали тоа ќе биде така или не, не знам, но со големо внимание  ги  следам договорите и во однос на  ЕУ и на евротлантската перспектива.  Би сакал што побрзо да дојдат добри вести во врска со тоа. И тој не е единствен ваков проблем, и тоа треба отворено да се каже, изјави  Свилановиќ на прашањето на НОВАТВ да ги коментира перспективите на Македонија по изборот на новата Влада.

Освен ова, Свилановиќ најави дека од претставниците на ЕУ, од останатите земји членки на Процесот на соработка и други регионални организации ќе побара помош да се размисли и за тоа да се започне со скрининг процесот на поглавјата 23 и 24 со сите земји, не само со оние кои се во процес на придружување, бидејќи како што вели, тоа ќе ја направи европската идеја реална, а не само политичка флоскула.

Исто така, ќе биде побарано и урамнотежување на пристапот до фондовите, кои овозможуваат забрзан развој, бидејќи досегашната практика создаваше економски јаз меѓу земјите кои имаат пристап до овие пари како Хрватска и оние кои немаат како БиХ и Србија.

РСС денеска ќе го претстави и договорот за регионално економско подрачја, кој како што рече Свилановиќ не значи никаков нов правен  договор, туку само дефинирање на односите во неколку клучни теми како: дигитализација , слободно движење на луѓето преку признавање на дипломиите, хармонизација на инвестициските политики, кој заедно со договорот како ЦЕФТА плус за поголема либерализавцна трговијата, би биле елементи на некој начин условно кажано, на новата политика на придружување.

Во однос на безбедоста, посебно ќе е побара поддршка во врска со решавање на проблемот кој последниве години е заеднички проблем на регионот  – заминување на млади луѓе на боиштата во земјите од Далечниот Исток и радикализацијата.

Добрата вест, според Свилановиќ е што овој проблем во последните две години се намалува, а лошата е дека има проблеми со интеграцијата на овие луѓе кога ќе се вратат. Она за што ќе се побара поддршка и договор е како тие да се зачуваат да не заминуваат, а оние кога ќе се вратат  да бидат целосно интегрирани во своето општество.

Исто така, Свилановиќ најави дека ќе се бара и заеднички пристап во врска со инклузивноста на Ромите, кое како што рече е малцинство кое се соочува со истите проблеми секаде во регионот, независно како уставно е дефинирано: лични документи, вработување, сместување, здравствена заштита…

Денеска на годишниот состанок на РСС присуствуваат претставници на Министерства за надворешни работи од 13 земји од Процесот на соработка во ЈИЕ, претстваници на ЕУ, САД и на други регионални организации кои соработуваат во различни области со Регионалниот совет за соработка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.