ЦИА има регрутирано повеќе десетици шпиони во неколку германски владини министерства, тврди весникот „Билд ам зонтаг“. Претходно, германската канцеларка Меркел изрази сомнеж дека САД ќе запрат, jaвува Дојче веле на македонски.
Наводните шпиони се инфилтрирани во германските министерства за одбрана, развој, економија и внатрешни работи, информира „Билд ам зонтаг“ цитирајќи анонимни извори од американските разузнавачки служби.
Интересот на ЦИА за Министерството за развој потекнува од таму што германската тајна служба за странство – БНД, го користи токму ова министерство како покритие за своите тајни операции.
Поради дипломатската караница меѓу Берлин и Вашингтон, како што се јавува, шпионите во моментов не се во можност да се среќаваат со нивните американски налогодавачи. Американските разузнавачки служби размислуваат да ги пренасочат своите „регрутирачки активности“ во Варшава или Прага поради растечкиот притисок од Германија, информира „Билд“.