Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повелете, лустрирајте новинари

0
By Биљана Секуловска on March 28, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 28, 2015 10:52

Да се биде лустриран, како тоа гордо звучи! Последната вест, иако неофицијална, доаѓа директно од кулоарите на Министерството за лаги и манипулации, каде припаѓа и џелатската Комисија за лустрација. Пресудата е донесена- ќе бидат лустрирани и новинари!

Досега бевме предавници, странски платеници, одметници, непријатели на оваа власт. Мала група дисиденти- новинари, професори, активисти, по некој уметник и судија (единствената е Наташа Габер)- кои не можевме да бидеме ништо друго освен бунтовници, катализатори на општествените и политичките промени, да делуваме еднакво на начин, како што е пишувана политичката историја на земјите кои само со вакви прогресивни движења се демократизирале. Некои пред некој век, некои пред 50-тина години, оваа земја денес. Преку нашата ненасилна, низ историјата многу често препознаена како нежна револуција.

Сите оние кои не можеме да завршиме како Никола Младенов и Томислав Кежаровски (премногу ви е комплицирано, откако светот се крена на нозе и бевте приморани да криете докази за Никола, а подоцна и да го ослободите Томче), сите низ годиниве сме фрлани во занданите на груевизмот каде со чекан сакате да ни ја обликувате свеста и да произведете страв. Ништо повеќе, само страв. Да се исмевате и смеете грлато како Груевски за Фијат Цановски на лентите, кога му го рушеле Космос: ” Се п…. Му тече низ пантолони, преплашен е, хахаха”. Затоа што вие не се водите од срамот, туку водите со сеење страв.

Свртете ги наназад страниците на историјата, и застанете на 1977 година. Тогаш кога е пишуван Чартерот 77, петицијата на неколку чешки интелектуалци и писатели, кои му обзнануваат на светот со каков терор се соочени во својата земја, преку грубо кршење на човековите права, преку сеење страв на граѓаните, преку деспотската власт која жестоко се пресметува со дисидентите.

Кадифената револуција на Чешка го произведе Чартерот 77: да се послужам со зборовите на Вацлав Хавел кога се опишува себеси и своите другари- “ексцентрик, како будала, Дон Кихот, и на крајот кон него стекнуваат аверзија, како и кон сите кои се однесуваат различно од останатите, на начин кој се заканува да го закачи огледалото на критиката пред нивните очи.”

Таа власт против која се кренаа Хавел и уште неколкумина, еднакво како и оваа денес во Македонија, ги нарекуваше предавници, платеници, одметници, непријатели на државата. Таа власт тогаш го одбра распаѓањето на државата и тивката смрт на сите останати, на сите преплашени и покорени, за да можат тие да опстанат, наизглед недопрени во моќта, да го парафразирам Хавел- тогаш кога со отворено писмо до Густав Хусак се обидува да ги отвори ширум затворените очи на сите оние кои прогласија мртовечница во земјата.

Затоа, ве покануваме да започнете да лустрирате и новинари. Тоа е ништо повеќе- само знак дека сте преплашени од бунтовниците, неконформистите, пркосните. Од сите нас кои со години одбиваме да ја претворите земјава во гробница на стравот, за што вие исклучиво имате одговорност, но тоа е тема која допрва ќе ја осознаете.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.