Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повлекување на прогресивизмот: Испитување на влијанието на политичката инерција, апатијата и разочарувањето

0
By Marija Todorovska on April 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 30, 2024 15:11

ЏАБИР ДЕРАЛА / ЦИВИЛ МЕДИА

Трет дел од анализата Три клучни фактори во изборната динамика: Национализам, руско влијание и политичка инертност, објавена на 27 април 2024, на ЦИВИЛ МЕДИА

Гласачите, оние што излегоа на избирачките места, а и оние што апстинираа од гласањето, на три дена пред годишнината од крвавиот четврток (27 април 2017), кога тогашната власт се обиде да изврши државен удар со крвав упад во македонскиот парламент, требаше да избираат меѓу два концепта. Едниот, националистички, антидемократски и антизападен, а другиот – проевропски и демократски. Вториот концепт е под жесток напад со години, долга и комплексна операција во која учествуваат медиуми, граѓански организации, интелектуалци и академија, бизниси, верски заедници, криминалци и оперативци на руското разузнавање.

Демократската и прогресивна јавност во изминатите години се соочи (и се разочара) со неказнивоста на протагонистите на авторитарниот режим на Груевски. Паралелно со тоа, настапи и разочарувањето од недоволната решителност на владејачката коалиција да изгради вистински современо, европско, мултикултурно општество, отпорно на националистичката хистерија, верскиот фанатизам и злокобниот руски напад врз тешко стекнатите придобивки на демократијата во нашата земја.

Притоа, овде не треба да се заборават и апатијата на неопределените гласачи, својствената фрагментираност на демократското ткиво на општеството, како и антидемократските и корумпираните инсталации во клучните институции на системот.

Сето тоа значително се одразува на изборниот пејзаж, како и на општествените и политичките процеси во демократските општества во целост. Низ таа призма може да се анализира и неуспехот на актуелниот претседател на Северна Македонија, наспроти успехот на популистите и националистите во првиот круг на претседателските избори во Северна Македонија на 24 април.

Пропуштени шанси за зацврстување на прогресивниот демократски курс на општеството

Изминатите години на владеење на СДСМ и коалицијата беше исполнето со невидени кризи во светот (Ковид пандемија, економска и енергетска криза, руска агресија против Украина, војна на Блискиот Исток итн.) и политичко-безбедносни турбуленции во регионот. Сепак, наспроти кризите кои би можеле да се наведат како релевантно оправдание во низа области, беа пропуштени низа прилики за зацврстување на прогресивниот демократски курс на општеството. Да ги разгледаме пропустите наспроти успесите спомнати на почетокот.

Владејачката коалиција манифестираше делумно, а често и целосно отсуство на политичка волја за спроведување на неопходните општествени реформи кои се очекуваа по 11-годишното заробување на државата и девастација на демократијата од авторитарниот, клептократски режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Лошите изборни резултати на актуелниот претседател Пендаровски се последица и од разочарувањето кај гласачите кои очекуваа поголема решителност во спроведувањето на ветувањата што произлегоа од граѓанскиот отпор и Шарената револуција. Тоа го отвори патот за популистичките, антизападни и националистички „алтернативи“. Национализмот и антизападните наративи не ги понудија само „традиционалните“ антидемократски ентитети, туку и цели структури што произлегоа токму од владејачките партии.

Одметнатите политички ентитети, всушност, се огледало на неуспехот на владејачките партии за спроведување на трансформативните реформи, како и за зајакнувањето на демократските вредности во сопствените редови. Кокетирањето со популизмот, компромисите со националистичките структури, нерешителноста во носењето и спроведувањето на политиките за унапредување на општествената кохезија, особено во доменот на меѓуетничките односи, прераснаа во авении по кои антидемократските тенденции непречено пристигнуваа до својата цел – блокада на демократските, реформските и интегративните процеси.

Комбинацијата од овие фактори придонесе кон обликување на изборниот пејзаж во кој доминираат поларизирачки, националистички и антизападни наративи. Перспектива? Со овие премиси, може да се очекува само обновување и продлабочување на кризите, стагнирање на евроатлантските процеси и дестабилизација на земјата.

прогресивизам Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.