Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повредени се двајца полицајци, приведено е лице кое со чекан одело кон Собранието

0
By НОВА ТВ Terziova on July 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 6, 2022 22:05

Ситуацијата за време на протестот што со одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ вечерва ескалираше пред Собранието.

Како што јавуваат репортерите на МИА од теренот, кон полицискиот кордон што ја обезбедува собраниската зграда беа фрлени димни бомби, петарди и шишиња. За МИА од МВР потврдија дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани.

На собирот се појавија лица со „фантомки“ кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат.

Неофицијално учесниците на протестот фатиле двајца од нив, но не им дозволуваат на медиумските работници да се доближат. Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.

Протестот досега беше мирен и без инциденти. Учесниците на протесто претходно запалија транспарент со фотографии на пратеници на кој пишуваше „предавници“.

Протесниот марш почна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, каде луѓето што протестираа оставаа ружи пред полицијата и потоа продолжија пред Собранието.

На раскрсницата пред плоштадот „Скендербег“ на влезот во Старата скопска чаршија дојде до екцес меѓу демонстрантите и група луѓе, а очевидци тврдат и дека се слушнале и истрели, но полицијата интервенираше и ги раздели групи, спречувајќи евентуален поголем инцидент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 21, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

ВЕСТИ July 21, 2026

Иран денес ја предупреди Бугарија да не им дозволува на САД да ја користат нејзината…

Метео: Врел воздух од Сахара се движи кон Европа – температури и до 47 степени

July 21, 2026

Официјално: Гостиварчани пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

July 21, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

July 20, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.