Published: Sunday, February 16, 2014 23:41
Петте деца кои денеска попладне беа повредени од експлозивна направа во ромската населба во Тетово, се надвор од животна опасност.
Поголема група деца играле во дворот кога, од засега се уште неутврдени причини, експлодирала бомбата. Повредените деца се префрлени во болници во Тетово, а две потешко поврeдени девојчиња во Скопје.
Полицијата и jавниот обвинител извршија увид на местото на експлозијата.




