Повторно гори депонијата зад кејот на реката Вардар Скопје, во близина на салата „Борис Трајковски“. Гори шут и отпад, а зафатено е и зеленилото и дрвјата наоколу.
Депонијата кај салата „Борис Трајковски“ беше запалена во април 2019, а од март годинава почнаа градежните работи за изградба на парк на на површина од 60.000 метри квадратни.
Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градина, како и содржини за спорт и рекреација.