Вчера во текот на попладневните часови МВР регистрираше два одвоени инциденти во кои повторно учествувале малолетници, повредено е 18-годишно девојче од с.Чифлик, нападнато е младо момче од Скопје и искршени се прозорските стакла на два автобуси.
Во едниот инцидент вчера попладне околу 18,40 часот, на автобуската постојка кај Бит Пазар, во автобус на ЈСП бр.50, група на малолетници при излегување од автобус физички го нападнале 18-годишниот Х.С. од Скопје. Тинејџерите го скршиле и прозорско стакло од автобусот и се упатиле во непознат правец.
Нешто подоцна околу 19,40 часот, во населбата Припор, скопско на последна автобуска постојка на бр. 24, непознати лица го каменувале автобусот на ЈСП со бр.58, при што скршиле две прозорски стакла, а со видливи повреди со здобила 18-годишната М.А. од с.Чифлик. МВР презема мерки за откривање на сторителите.




