„ За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти – еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија“, стои во соопштението од Сојузот на Здруженија на Дијабетичари на Македонија.
Покрај тоа се појавува и недостиг на терапијата Ozempik i Rybelsus.
„Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата. Затоа АПЕЛИРАМЕ на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период“, изјавуваат од СЗДМ