По собирот пред СЈО, колоната од граѓани, учесници во протестот на Шарената револуција продолжија кон Собранието, а во моментот се наоѓаат пред Триумфалната капија која повторно е обоена, јавува репортерот на НОВА Влатко Чаловски.
На протестот се веат анти-фашистички знамиња, а на звучници се пуштаат револуционерни песни. Демонстрантите носат транспаренти „Фашизам никогаш повеќе“, „Каде што има моќ има и отпор“ а, главниот транспарент под кој се одвива протесот гласи „Борбата продолжува“.