Published: Sunday, January 12, 2014 10:56
Пожар избувнал утрово во подрумот во куќата на славниот режисер Милчо Манчевски, во Дебар Маало, на улица Димитрие Туцовиќ во Скопје, јавуваат македонските медиуми, кои се повикуваат на полициски извори.
Пожарот околу 6,30 часот ги зафатил подрумските простории на куќата по што интервенирале противпожарни бригади.
Информации за материјалната штета не се соопштуваат, ниту пак причините за пожарот.




