Најмалку 14 лица се верува дека починале во пожарoт кој денеска рано наутро ја зафати психијатриската болница во северозападниот дел на Русија, а пожарникарите не беа во можност да го запрат огнот, кој брзо се прошири низ болница, која се простира на 670 квадратни метри.
Досега, се пронајдени две мртви тела кои е многу тешко да се идентификуваат.
„Според податоците добиени од болницата таму имало 59 лица, а над 20 биле евакуирани. Другите сами излегле од болница. Судбината на 14 лица засега останува непозната, можеби успеале да се извлечат“, рече Олег Ворнов од руското Министерство за вонредни состојби , пренесува РИА новости.
RT пак јавува дека за исчезнати се сметаат најмалку 37 луѓе.