Голем пожар избувна во тунелот Гудванга во западниот дел на Норвешка, по што се запалиле неколку камиони јавува Ројтерс.
Најмалку 55 луѓе завршиле во болница. Пожарот избувнал во тунелот кој е долг 11,4 клиометри и е втор по должина во Норвешка и води до познато туристичко место.
Поголемиот дел од хоспитализираните се наголтале чад, а некои од нив се здобиле со повреди при судирите со возилата пред нив, како и изгореници по телата. Причината за избувнувањето на пожарот сеуште не е позната.