Пожар избувна во зграда на ул. Владимир Комаров во Аеродром. Командирот на противпожарната бригада Ѕвонко Томески рече дека пожарот е локализиран и станарите се евакуирани.
Пожарот го гаснат 20 пожарникари со осум противпожарни возила.
Не е позната причината за избувнување на пожарот.