Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пожарите во земјава не стивнуваат – помош пак од ЕУ и од Србија

0
By Zoran Ivanov on August 3, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 3, 2024 15:29

Во текот на денешниот ден досега имаме 17 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив, 6 се целосно изгаснати, додека 5 се под контрола.

-Во моментов имаме 6 активни пожари. Првиот и најсложен пожар за гасење е на територијата на општина Македонски брод, во атарот на селата Тажево и Брезница, пожар којшто беснее повеќе денови. Дождот којшто денеска заврна во мала количина не го изгасна овој пожар и тој продолжува со горење. На ова место делува тимот од 40 лица од Унгарија, со специјални теренски возила, како и 50 припадници на македонската армија, поддржани со воздухоплови.

Вториот е на територијата на Пробиштип, поточно на Осоговски планини кој беснее во атарот на село Зелени Град, каде во овој момент дождот да помогне во активностите, но јас сметам дека врз овој пожар воспоставивме делумна контрола. На ова место дејствувавме со повеќе хеликоптери, колку што можевме максимум да испратиме.

На територијата на општина Демир Хисар, имаме пожар на Илинска планина. Многу непријатен пожар. Во текот на вчерашниот ден дејствувавме со ер-трактори, но се создаваше густ црн чад којшто го отежнуваше летањето и ја загрозуваше нивната безбедност, поради што моравме да прекинеме со гасење од воздух. Во овој момент таму дејствуваат сили од земја.

Пожарот во близина на Охрид повторно се реактивираше. Предизвикува вознемиреност кај населението, се движи во насока на Ресен, но не претставува закана по ниту едно населено место. Иако има повеќе од 100 луѓе кои гаснат од земја, поради ветерот се изгуби контролата.

Последниот е на територијата на Долнени, кај Лажани. Гори ниска вегетација и се гаси од земја.

Од Дирекцијата за заштита и спасување  информираа дека тимовите на ДЗС заедно со 36 пожарникари со 8 возила од Тимот од Унгарија се ангажирани на повеќе локации во село Брезница, Македонски Брод.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 27, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

ВЕСТИ April 27, 2026

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека без уставни измени нема вистински…

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.