Противпожарните екипи успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар што избувна денеска во турската туристичка област Мармарис во западната провинција Мугли, јави агенцијата „Анадолија“.

Пожарот, од сè уште непознати причини, избувнал во шумскиот предел во Турунц, а поради ветерот брзо се проширил и стигнал до објектите.

Противпожарните единици на Подрачното шумско стопанство во Мугла употребија противпожарни хеликоптери при гаснењето на пожарот.

Гувернерот на Мугла, Орган Тавли соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот кој повеќе не се заканува да се прошири.

Тавли рече дека во пожарот нема настрадани.

Пожарот го зафатил и во голема мера го оштетил хотелот на Универзитетот „Ситки Кочман“ во Мугла, а спасувачките екипи навремено ги евакуирале луѓето од зградата. Изгорени се и поголем број автомобили.