Пожарот е локализиран, корисниците евакуирани, информираат од домот за стари лица ,,Доктор Јанески”, откако утринава пожар изби во објектот во кавадаречкото село Чемерско.
-Пожарот што го зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општа болница, каде ќе останат неколку дена, соопштија од Домот.