Десет противпожарни возила го гаснат пожарот на Градежниот факултет во Скопје, кој избувна утрово. За среќа нема повредени.
Според командатот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томевски огнот зафатил три простории на вториот кат од Градежниот факултет. Тој е ставен под контрола.
-Пожарот е пријавен меѓу 9 и 10 часот, се интервенираше со над 10 пожарни возила, бидејќи имаше опасност огнот да се прошири. Засега се утврдуваат причините, сите се евакуирани навремено. За среќа противпожарната единица не не наиде на никој во просториите каде што гореше, рече Томовски.
Засега не се познати причините за пожарот.
И деканот на Факултетот во изјава за медиумите рече дека причините за пожарот не се познати. Уништена е хартија и документација од професорски кабинети кои се наоѓале на местото кај што избувнал пожарот.
На време биле евакуирани професорите и студентите, а за сега освен што двајца студенти што се пожалиле од потешкотии при дишење, нема повредени.
На местото се присутни и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и министерката за образование и наука Рената Десковска Треневска.