Published: Tuesday, October 8, 2013 21:28
Во внатрешноста на опожарениот хотел “Гранит” бил пронајден e засега неидентификуван човечки труп изјави портпаролот на СВР Тетово. Трупот бил пронајден при увидот во опожарениот хотел на Попова Шапка.
На самото место веднаш се упатиле екипа на СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител да извршат увид, додека полицајци од полициското одделение го обезбедуваат местото.
Пожарот избувна денеска околу пладне во ресторанскиот дел на хотелот за потоа да се прошири и да го зафати целиот хотел вклучувајќи ја и покривната конструкција. Во гаснењето учестувале три противпожарни возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица.




