Пожарот во Кочани проголта четири семејни куќи. Според информациите нема жртви и тешко повредени од огнените стихии во Кочани.
На терен се прават обиди да не се шири пожарот и да не изгорат повеќе домови.

Дирекцијата за заштита и спасување повика во гаснсењето да се приклучати и доброволци.

Пожарникари од другите градови, Штип, Делчево, Свети Николе и Скопје се вклучени во гаснењето на пожарот. Пожарникари во Кочани беа испратени и од Општина Кавадарци.
На пожарникарите им помагаат жителите на Кочани кои со лопати го гаснат огнот.

Пожарот е ставен под контрола, но поради ветерот ситуацијата сè уште е алармантна.
ЦУК: Испратено е итно барање за помош, пожарот излегол од контрола