МВР денеска соопшти дека пожарот кој вчера попладне се случи во стан на ул. „Шидска“ во скопската населба Ѓорче Петров, наверојатно настанал од украсни сијалички на новогодишна елка.
Во пожарот почина 62 годишната Ј.А. чие беживотно тело било пронајдено на креветот, а била опожарена дневната соба. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.