Published: Saturday, December 28, 2013 10:05
Девојката која почина вчера по несреќата на скопскиот булевар Партизанска е 25-годишната Оливера П. од Радовиш а телото е дадено на обдукција, јавуваат македонските медиуми.
Синоќешните информации говореа дека околу 21 часот автомобил со марка „Мерцедес“ со скопски регистерски таблички, удри во пешак, кај бензиската пумпа „Макпетрол“ во Карпош 2, на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и Октомвриска револуција.
Официјални информации за идентитетот на жртвата се уште нема.




