Published: Thursday, October 3, 2013 10:50
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ донесе одлука проф. д-р Срѓан Керим, економист и дипломат, да ја добие наградата за животно дело во областа на науката и образованието.
Државната награда „11 Октомври“ во 2013 година за животно дело во областа на културата и уметноста му се доделува на проф. м-р Решат Амети, ликовен уметник.
Драгослав Аргировски, новинар и публицист, е добитник на највисоката награда за животно дело во областа на новинарството и публицистиката.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 октомври 2013 година во Собранието на Република Македонија.




