Државната награда „23 Октомври“ за оваа година за остварување во областа на културата и уметноста им се доделува на ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов, на писателот Фејзи Бојку и на Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички критичар, соопшти Министерството за култура.
Одлуката била донесена за нивните долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското наследство на Република Македонија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2015 година (петок) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија.